Top Sport

Харден „избега“ од Бруклин во Филаделфија, Нетс добиваат тројца играчи

Филаделфија 76ерс и Бруклин нетс го договорија најголемиот „дил“ во преодниот рок во НБА, откако Џејмс Харден по една сезона ќе си замине од Нетси, а во Бруклин ќе пристигнат Бен Симонс, Сет Кари и Андре Драмонд, јавува „ЕСПН“.

Нетси исто така ќе добијат и два пика во првата рунда на НБА драфтот, еден во 2022 и еден во 2027 година.

Со ова се става крај на шпекулациите за незадоволството на Харден во Нетси, и сега ќе има одлично партнерство со Џоел Ембид. Нетси, пак, добиваат три засилувања, од кои Бен Симонс е најголема ѕвезда, иако повеќе месеци не е активен.

Scroll to Top