Top Sport

Лунин со оди од Реал, не сака да му биде резерва на Куртоа

Голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин одлучи да го напушти „кралскиот клуб“.

Оваа вест ја објавиди „Марка“, медиум кој секогаш има веродостојни информации кога се во прашање случувањата во Реал.

Според овој извор и новинарот Карлос Каприо, Лунин не сака да му биде резерва на Тибо Куртоа.

„Добив потврдена и целосно јасна информација дека Лунин ќе го напушти Реал Мадрид.“

Да потсетиме, се шпекулираше дека Лунин е опција за Челзи, но Енцо Мареска сепак има поинакви планови. Новиот тренер на Челси сака да го донесе голманот на Виљареал, Јоргенсен. Клубовите ги започнале преговорите.

Лунин беше херој на Реал минатата сезона, блескаше во Лигата на шампионите, но и покрај тоа не бранеше во финалето. Предност доби Куртоа и наводно тогаш Украинецот ја донел одлуката да го напушти Реал.

Scroll to Top