Бундеслигашот Борусија Дортмунд од вториот обид успеа да го донесе на „Вестфален“ тренерот Лусиен Фавр.
Швајцарецот и минатата сезона се поврзуваше со клубот од Дортмунд, меѓутоа тогаш Ница не му дозволи на тренерот да си замине. Сега ситуацијата е поинаква, Фавр, замина од Ница и потпиша двегодишен договор со Борусија.
„Да се биде тренер на Борусија е прекрасна задача. Подготвен сум да го преземам тимот“, рекол Фавр.
Искусниот стратег на клупата на „Милионерите“ го наследи Петер Штегер, чии договор престана да важи со завршувањето на сезоната.
Официјално на новото работно место Фавр ќе застане на 1.јули.