Top Sport

Тројца капитени со молба до ФИФА: Гереро да игра на СП

Капитените на фудбалските репрезентации на Австралија, Данска и Франција упатиле писмо до ФИФА, во кое ги молат челниците на светската куќа на фудбалот, да му ја укинат суспензијата на капитенот на Перу, Паоло Гереро.

Напаѓачот на Фламенго и Перу, во октомври бил позитивен на кокаин, доби шестмесечна суспензија, меѓутоа пред десет дена Судот за арбитража во спортот му определи 14-месечна суспензија на Гереро.

Супензијата што ја доби Перуанецот ќе го оддалечи од настапот на Светското првенство, прво што по пауза од 32 години ќе го играат перуанските фудбалери.

Сега на негова страна застанаа и капитените Миле Јединак (Австралија), Иго Љорис (Франција) и Симон Кјер (Данска).

Тие во заедничко писмо ја молат ФИФА за „праведно“ решение, за да може Гереро да стави „круна на кариерата“.

Порнешниот играч на Баерн Минхен за репрезентацијата дебитирал во 2004 година. Во кариерата одиграл 83 натпревари и постигнал 32 гола. Гереро е најдобриот стрелец во историјата на перуанската репрезентација.

Тежок удар за Перу, капитенот нема да игра на СП во Русија

Суспендиран поради употреба на кокаин, во Перу дочекан како херој

Scroll to Top