Top Sport

Лутон ќе се бори за влез во елитата по 31 година!

Лутон таун со 2:0 го совлада Сандерленд за да ја поништи предноста на гостите од 2:1 од првиот меч и се пласираше во финалето на плејофот за влез во Премиерлигата.

Лутон фактички никогаш не играле во Премиерлигата, бидејќи испаднаа од старата Дивизија 1 во 1992 година, една година пред воспоставувањето на Премиерлигата.

Во мечот вреден стотици милиони фунти, Лутон го чекаат подобриот од мечот помеѓу Мидлзборо и Ковентри сити. Првиот меч во Ковентри заврши 0:0.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');