Top Sport

(Видео) Милано обоено во сино-црна боја! Интер во своето шесто финале во ЛШ

Интер повторно успеа да го совлада својот градски ривал, Милан, овојпат со 1:0, за заедно со првиот 2:0 триумф убедливо да се пласираат во своето шесто финале во Лигата на шампионите, прво од легендарната тројна круна во 2010 година, во кое против подобриот од мечот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити ќе ја бркаат својата четврта европска титула.

По „гостинската“ 2:0 победа во првиот меч пред една недела, „нераѕурите“ беа фаворити на „Сан Сиро“, овојпат во улога на домаќини и пред бучната публика тие го направија тоа што беше потребно.

Милан, овојпат со Рафаел Леао, во тимот и искарани од своите тифози во текот на викендот, почнаа поинтензивно поради резулатската потреба, но не успеаја во неколкуте изгледни шанси предд голот на Андре Онана. Брахим Дијаз по 10. минути имаше добра шанса, како и Леао во 37. минута, по што нивниот интензитет падна во второто полувреме. Ова го искористија Интер, кои во 74. минута преку фантастичниот Лаутаро Мартинез дојдоа во водство, кое на крајот значеше финале.

Утре, на „Етихад“, Манчестер сити го пречекуваат Реал Мадрид во големото европско дерби. „Кралевите“, инаку актуелни шампиони во ЛШ, имаат 1:1 по првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“.

Scroll to Top