Top Sport

Мацари добил отказ откако ги нарекол фубалерите на Каљари црви!

Каљари се решиле да го отпуштат Валтер Мацари откако тренерот ги нарекол своите фудбалери „црви“ и го навредувал преседателто ан клубот, Томас Џулини, тврди локалниот весник „Л’Унионе Сарда“.

Мацари доби отказ во понеделникот, откако Каљари се најдоа во ситуација во која се на само два поени над зоната за испаѓање пред неделниот клучен меч против директните ривали за испаѓање, Салернитана.

Според „Л’Унионе Сарда“, Мацари по поразот од 2:1 од Верона минатиот викенд влегол во лута расправија со фудбалерите, велејќи дека се работи за „соблекувална полна со црви“, а исто така имал и избрани зборови за претседателот на клубот.

Каљари се во Серија А шест сезони во низа, последен пат играа во Серија Б во 2015 година. На местото на Мацари до крајот на сезоната е поставен тренерот на младинскиот тим, Алесандро Агостини.

Scroll to Top