Top Sport

Дресот на Марадона се продаде за рекордни 7.1 милиони фунти!

Дресот на аргентинската фудбалска икона, Диего Марадона, во кој тој ги постигна двата најславни голови против Англија на СП во 1986 година, се продаде на аукција во Лондон за фантастични 7.1 милиони фунти.

Марадона го носеше дресот кога прво го даде контроверзниот гол со рака (Божјата рака) на стартот на второто полувреме, за минути подоцна тогаш 25-годишниот Аргентинец да постигне еден од најдобрите голови во историјата, поминувајќи ги безнадежните Англичани за да го постигне „голот на векот“.

По мечот, Марадона се размени со дресови со Стив Хоџ, кој две децении го донираше дресот во Националниот фудбалски музеј во Манчестер, пред да го постави на аукција преку „Сотби“. Денеска, тие потврдија дека прифатиле понуда од неверојатни 7.142.500 фунти.

Аргентинска делегација со последен обид да го купи славниот дрес на Марадона

Scroll to Top