Top Sport

Маџер со најлутата прес-конференција на светот!

Алжирската репрезентација оваа недела одигра пријателски меч против Централноафриканската Република, кој го добија со 3:0, но тоа не го спречи селекторот Рабах Маџер да влезе во неверојатна расправија со новинарите по мечот.

На прес-конференцијата, еден новинар го праша првиот играч на тимот, Ријад Марез што мисли за падот во формата на репрезентацијата во последните натпревари, по што Маџер збесна.

„Ријад дај ми две секунди. Г-н Џебур, националниот новинар, ти си непријател на репрезентацијата. Го кажувам тоа јавно! Слушај ме! Ве почитувам сите вас, но не и тебе. Замолчи! Замолчи! Пензионирај се и остави ја новата генерација да работи. Следното прашање, молам“, изјави Маџер.

Маџер беше ѕвезда на Порто во 1980-тите и е сметан за една од најголемите ѕвезди на алжирскиот фудбал. Со Порто тој стигна до три титули и до Европскиот куп во 1987 година, а играше и на две СП со националниот тим.

Ова е третпат тој да е селектор на Алжир, по неуспехот да се квалификува на СП во 1994 година и од 2001 до 2002. Тој беше именуван за селектор третпат пред еден месец. Алжир се квалификуваше на СП во Русија.

Scroll to Top