Top Sport

Златан: Се чувствувам како „десетка“

Златан Ибрахимовиќ посочи дека би можел да игра поинаква улога кога ќе се врати во Манчестер јунајтед.

36-годишниот Швеѓанец е во аут откако ги скина лигаментите на коленото во четврт-финалето на Лигата на Европа против Андерлехт во април, но сè поголеми се шпекулациите дека тој би се вратил во тимот пред Нова година, а таблоидот „Сан“ најави дури кам-бек во саботниот меч со Њукасл.

Минатата сезона, Ибрахимовиќ играше напред со многу офанзивни играчи за врска зад него, но Ромелу Лукаку го доби неговиот дрес со број 9, и Ибрахимовиќ вели дека трансферот на број 10 е природен трансфер за него.

„За мене, бројот 10 е вистинска ѕвезда. Тој што прави разлика на теренот, тој што сите го забележуваат, што ги добива мечевите и што е лидер. Јас се гледам на таа позиција, но тоа не ти го дава некој, туку треба да го заработиш. Го носев бројот 10 во шведската репрезентација и во ПСЖ, ќе го носев и во Интер, но бргу заминав за Барселона. Во Милан го сакав, но земав друг дрес поради почит. Се чувствувам како десетка. Секогаш сум бил десетка“, вели Ибрахимовиќ во промотивно видео за спонзорот „Волво“.

Во интервјуто тој зборува и за повредата, објаснувајќи дека било толку болно што се чувствувал како да си го голтнал јазикот.

„Се обидов да ја смирам топката со градите и лошо доскокнав. Ногата отиде наназад и потоа се врати. Никогаш не сум бил повреден, но тогаш се чувствував дека си го голтнав јазикот. Беше навистина чудно чувство. Си велев само да издржам. Но, кога станав беше јасно дека нешто не е во ред“, објаснува Златан.

Мурињо: Златан се враќа пред крајот на годината

 

 

 

Scroll to Top