Калчолигашот Милан игра феноменално во продолжението на сезоната поради пандемијата со коронавирусот. Тимот од „Сан Сиро“ стигна до нова победа во Серија А, во 35-тото коло. Настрада Сасуоло во Реџо Емилија со 2-1.
Сите три гола беа постигнати во првиот дел.
Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ е стрелец на двата гола за „Росонерите“, и двата по асистенции на Чалханоглу.
Првиот гол Ибра го постигна во 19 минута со глава по нафрлена топка од десната страна.
Потоа, Чалханоглу пак во главна улога, ама овојпат на спротивната страна. По една нафрлена топка од десната страна, топката удри во неговата рака и заврши во корнер. По ВАР асистенција, судијата покажа на белата точка.
Капуто во 42 минута стрела прецизно за 1-1.
Само 5 минути подоцна, се играше продолжението на првото полувреме и по истиот рецепт, Чалханоглу асистира, Ибрахимовиќ тресе мрежа. Овојпат со нога, за 1-2. Се уште не беше отсвирен крај на првите 45 минути, а Сасуоло остана со играч помалку. Црвен картон заработи Барабија, поради остар старт.
Во вториот дел Милан кој имаше бројчана предност на теренот се закани неколкупати, но резултатот остана непроменет.
За „црвено-црните“ трите бода значат повторно враќање на петтата позиција (која води во ЛЕ) на табелата пред Рома која има бод помалку, а која утре му гостува на „фенерџијата“ СПАЛ.