Top Sport

Магаљан од Бока се сели во Ајакс

Аргентинецот Лисандро Магаљан ќе биде првото засилување за Ајакс во зимскиот преоден рок. Според холандските медиуми, челниците на Ајакс со колегите од Бока Јуниорс договориле Магаљан да се пресели во Амстердам за сума од осум милиони евра.

Магаљан во Ајакс треба да биде замена за Матијас Де Лихт, еден од најдобрите млади играчи во светот, а чии трансфер е извесен во јануари. Де Лихт се поврзува со Пари Сен Жермен.

Магаљан играше за Бока во финалниот меч, во Копа Либертадорес во Мадрид, кој им припадна на Ривер Плата.

Присуството на Бока Јуниорс во Мадрид, челниците на Ајакс го искористиле за да го завршат трансферот на Магаљан.

Scroll to Top