Top Sport

Магичен пресврт на Лацио – голови во 94. и 98. минута за победа на Сардинија (видео)

Лацио уште еднаш најави дека оваа година може да биде сериозен кандидат за титулата во Серија А, откако со два гола во судиското продолжение успеа да извлече 2:1 победа на тешкото гостување на Сардинија кај Каљари.

Домаќините дојдоа до водство уште во осмата минута од мечот кога Џовани Симеоне постигна апсолутно прекрасен гол по слабата интервенција на одбраната на римскиот клуб.

По ова се играше релативно израмнето со доста шанси на двете страни, но Лацио не успеваше да дојде во шанса за израмнување до 94. минута, кога Луис Алберто прифати една топка на работ на шестнаесетникот и го совлада голманот Рафаел. Фелике Каиседо во 98. минута, кога се очекуваше крај на мечот, ги расплака навивачите на Каљари за римскиот клуб да ги однесе сите три поени од гостувањето.

Лацио останува трет на табелата со 36 поени, само три помалку од лидерите Јувентус и Интер, додека Каљари е петти со 29 поени, три помалку од четвртопласираната Рома во најава за интересна борба за местата кои водат во Лигата на шампиони.



Scroll to Top