Top Sport

Магичниот Меси ја  „реши“ Селта за половина час (видео)

Знаејќи дека им е потребна победа за пласман во четврт-финалето на Кралскиот клуб, Барселона за едно полувреме ја „растури“ Селта на „Ноу Камп“ за со 5:0 победа и вкупен резултат 6:1 да оди понатаму.

Лионел Меси постигна два гола за две минути за да го почне „шоуто“ по што до 31. минута, Луис Суарез и Жорди Алба (по фантастичното додавање на Меси) постигнаа уште два гола за убедливо водство и решавање на патникот во четврт-финалето. Во финишот на натпреварот, Иван Ракитиќ зголеми на 5:0.

Новото засилување на Барселона, Филип Кутињо мечот го помина на трибините и очигледно добро се забавуваше.

КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/8 ФИНАЛЕ

Леванте – Еспањол 0:2, прв натпревар 2:1

Севилја – Кадиз 2:1, прв натпревар 2:0

Барселона – Селта Виго 5:0, прв натпревар 1:1

Scroll to Top