Top Sport

Мајката на Астори уште не е задоволна од одговорите за неговата смрт

Мајката на Давиде Астори вели дека се подготвува за нејзиниот прв Божиќ без својот син со многу прашања и порачува: „Не сакам да обвинам никого, но сакам да знам зошто се случи тоа“.

Капитенот на Фиорентина почина во сон во тимскиот хотел пред мечот со Удинезе на 4 март на само 31 година и девет месеци подоцна уште нема дефинитивен одговор зошто се случи ова, по извештаите дека на неколку медицински тестови била забележана срцева мана поради која тој не требал да игра.

„Имам уште две деца, така што имам задача да бидам силна за нив. Тоа утро, мојот сопруг и јас требаше да одиме во црква и на гласање, бидејќи беше ден на изборите. Меѓутоа, кога се разбудив како да бев парализирана. Не знаев што ми е, но како да чувствував сѐ. Не сакам да префрлам вина, бидејќи сум сигурна дека нема некој кој е виновен. Но, сакам да знам зошто. Тоа што се случи беше трагедија, судбина и никој не го посакуваше. Но, би можеле да научиме нешто за некој друг да не треба да го помине тоа. Проверките на спортистите се детални, но можат да бидат уште подетални. Не сакам жртвата на Давиде да биде залудна“, вели Ана Астори во интервју за весникот „Кориере дела сера“.

Двајца доктори под истрага за смртта на Астори

Scroll to Top