Top Sport

Премиерлигашко дерби во втора лига! Лидс се врати за победа кај Астон вила (видео)

Лидс јунајтед успеа да се врати од два гола негатива за неверојатна 2:3 победа на гости кај Астон вила во интересното неделно дерби во англискиот Чемпионшип, на два клуба кои секако припаѓаат на елитата.

Астон вила стигна до брзо водство од 2:0, преку Теми Абрахам (5. минута) и Конор Ауриан (17. минута), но тимот на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски успеа да направи импресивен кам-бек.

Џек Кларк во 56. минута и Понтус Јансон во 61. минута го вратија тимот на Марсело Биелса на еднаква нога со домаќините, пред Кевин Руф во 95. минута да постигне гол за импресивна победа.

Лидс се врати на првото место во Чемпионшип по 23 кола, со 48 поени, еден повеќе од Норич на второто место и со големи надежи за конечно враќање во елитата, додека Астон вила се само 11. со 33 поени.

Scroll to Top