Top Sport

Мајката на Кавани бара извинување од претседателот на Атлетико Мадрид

Берта Гомез, мајката на уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани, побара извинување од претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, кој изјави дека неговиот клуб се откажал од трансфер на фудбалерот на Пари Сен-Жермен во јануари поради барањата за превисока плата.

„Јорганџиите“ нудеа десетина милиони евра за Кавани, но Пари Сен-Жермен ја одби понудата и реши да го заддржи Уругваецот до крајот на сезоната. Според шпанскиот весник „Ел мундо депортиво“ договорот пропаднал бидејќи братот и агент на Кавани, Валтер Фернандо барал Атлетико да платат 18 милиони евра, додека Серезо даде изјава дека е „срамотна ситуација на некои фудбалери со нивните роднини и претставници“, додавајќи дека не сме тука да бидеме „ограбени“.

Фернандо, пак одговори дека ако Кавани сакал да заработи повеќе пари, понудите од Манчестер јунајтед и Челси во Премиер лигата биле поголеми, а сега мајката на Кавани, Берта Гомез изјави дека нејзиниот син во иднина би размислил за трансфер во Атлетико, но само ако Серезо се извини.

„Не е невозможно Единсон да заврши во Атлетико Мадрид летово, но само ако претседателот го поправи тоа што го кажа. Мора да се извини. Ние не сме злобни луѓе и ситуацијата може да се реши ако тој го повлече тоа што го кажа. Мојот син ќе има понуди, бидејќи е докажан фудбалер, но тој сакаше да оди во Атлетико бидејќи сакаше да работи со Чоло Симеоне“, изјави Гомез за шпанскиот весник „АС“.

Scroll to Top