Фаиза Ламари, мајката на Килијан Мбапе, откри детали од приватниот живот на својот син, еден од најдобрите играчи на денешницата.
Во вторникот, во Париз се одржа настанот „Demain le Sport“, каде што таа зборуваше за тоа колку е тежок животот на ѕвездата на Реал Мадрид.
„Разговарав со него минатата година, кога работите не одеа добро. Го прашав дали сака да има девојка, а тој одговори: „Дали во овој хаос има место за некоја жена?““, рече Фаиза Ламари.
Таа истакна дека нејзиниот син понекогаш само сака да избега од сè.
„Знаете, некогаш се вози во Пежо 206 само за да види како изгледа нормалниот живот. Тој повеќе не може да оди по улицата како нормален човек. Тоа ме прави тажна.“
Таа се осврна и на истрагата за наводниот сексуален напад за кој Килијан Мбапе беше обвинет минатата година во Шведска.
„Му верував на Килијан, но го прашав директно: „Дали го направи тоа?“ Тој одговори: „Дали си луда?“ Тоа беше единственото патување што не го организиравме ние… и затоа ја плативме цената.“
Фото/ Принтскрин