Џул Најлс, мајката на талентот на Арсенал, 20-годишниот Ејнсли Мејтленд-Најлс за „Сан“ открива дека е бездомник и спие во транспортни контејнери во Хертфордшајр, бидејќи смета дека нејзиниот 20-годишен син сака да ја држи дистанцата за подбра кариера.
„Се работи за метален контејнер без прозорци и без тоалет. Синот би можел да ми купи стан со плата од две недели“, вели 38-годишната Најлс.
Мејтленд-Најлс има договор со плата од 30.000 фунти за Арсенал и има 21 настапи за „топчиите“ оваа сезона. Тој живее во стан од 700.00 фунти со неговиот брат Корди во северен Лондон.
Според „Сан“, Мејтленд-Најлс не знаел дека неговата мајка живее во контејнер и тој постојано и давал пари. Џул Најлс имала конфликт со луѓето во Арсенал околу неговиот договор во март 2015 година, по што нејзиниот син полека ја исклучува од неговиот живот.
Фото: ЕПА