Top Sport

НБА: Рокитси со 15-та победа во низа, Бол ги „крена“ Лејкерси (видео)

Тревор Ариза постигна тројка за израмнување, за подоцна да помогне Хјустон рокитс да се вратат за 123:120 победа над Бостон селтикс за 15-та победа во низа за тимот од Тексас.

Рокитс се мачеа со фантастичниот напад на Селтикс во текот на мечот, за Рокитс прво да израмнат преку Ариза, а потоа Ариза му даде одлична топка на Кајри Ирвинг кој на 1:16 донесе 117:115 водство на домаќините.

Ерик Гордон имаше 29 поени од клупата, со 7-од-11 во обидот за тројки, Џејмс Харден додаде 26 поени, 7 скока и 10 асистенции, а Ариза имаше 21 поен. Маркус Морис имаше 21 поени за Бостон, кои во последните секунди утнаа обид за тројка преку Маркус Смарт.

Лонзо Бол имаше три последователни тројки во последните три минути, додека Џулиус Рендл додаде 25 поени за Лос Анџелес лејкерс да стигнат до 116:112 победа на гости кај Сан Антонио.

Ајзаја Томас додаде 21 поени за Лејкерс, додека Бол и Кентавиус Колдвел-Поуп и Бол имаа по 18 поени. Колдвел-Поуп со 13 скока и Бол со 11 скока, имаа дабл-дабл учинок.

Пау Гасол имаше 19 поени и 10 скока за Спарси, кои сега имаат два порази во низа и пет во последните шест.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Хјустон – Бостон 123:120

Кливленд – Денвер 117:126

Сан Антонио – Л.А. Лејкерс 112:116

Детроит – Мајами 96:105

Мемфис – Орландо 100:107

Scroll to Top