Мајката на Нејмар, Надин Гонкалвеш (52), за момент му ја одзеде славата на својот син кога објави дека е во врска со 23 годишниот модел Тијаго Рамос.
Таа неодамна на социјалните мрежи објави фотографија со 30 години помладиот маж со коментар.
„Необјаснивото не може да се објасни, доколку ја живеете љубовта“.
Сепак романсата не траеше долго. Надин го откачила момчето откако дознала дека тој излегувал со други мажи меѓу кој бил и семејниот готвач Мауро.
Со куварот Тијаго бил пред да ја започне врската со 53 годишната мајка на Нејмар, а претходно бил во врска со бразилскиот актер Карлињос Маио.
Надин Гонкалвеш од 2016 година се разведе од таткото на Нејмар.