Top Sport

О’Саливен: Денот ми почнуваше со алкохол и џоинт

Рони О’Саливен еден од најдобрите играчи на снукер открил дека на почетокот на кариерата имал проблеми со пороците поради што морал да побара стручна помош.

О’Саливен за својот живот разговарал со новинарот на Еуроспорт Енди Голдстин. Подемот во снукерот го започнал како тинејџер кога во 1993 година кога победил на првенството на Велика Британија.

„Кога го освоив првенството на Велика Британија си помослив ова е тоа, помислив дека постигнав сѐ. Имав пари, убава куќа, автомобил, а немав девојка, можев да правам сѐ што ќе посакам. Воопшто не мислев на снукерот. Само правев глупости“, рекол О’Саливен и продолжил.

„Денот ми започнуваше со алкохол и џоинт. Тоа ми беше потребно за да можам да функционирам нормално. Бев свесен дека тоа не е добро, но не можем да застанам. Поради тоа решив да побарам помош. Побарав стручна помош, го кажав проблемот со кој се соочувам, се пријавив за лекување. Тоа веројатно ми беше најдобриот потег што сум го направил во животот“.

О’Саливен е рекордер со 19 трофеи од највисоката класа. Тој е петкратен светски првак, освоил седум титули на Мастерс турнирите и седум пати бил шампион на Велика Британија.

Scroll to Top