Во една од најбизарните приказни овој викенд, бразилските медиуми јавуваат дека мајката на Нејмар, 52-годишната Надин Гонсалвес го оставила неговиот татко и веќе е во врска со 22-годишниот Тијаго Рамос, кој е голем фан на фудбалерот на ПСЖ.
Надин доби неочекувана јавна поддршка од нејзиниот син, но и од нејзиниот поранешен сопруг откако постираше фотографија со Рамос, кој е шест години помлад од Тијаго. Бразилските медиуми тврдат дека Рамос се сретнал со Нејмар првпат во јануари, откако пред дури три години Рамос му пратил порака преку социјалните мрежи дека сака „да му биде брат и да играат заедно“.
Гонсалвес, која е претседателка на добротворната организација на Нејмар за деца и семејства, преку Инстаграм се пофали со кратка порака: „Необјаснивото не мо може да се објасни на тие кои не живеат“.
Во одговор на оваа порака Нејмар и порача на својата мајка: „Биди среќна мамо, те сакам“. Дури и Нејмар Сантос Сениор, 55-годишниот татко на Нејмар и прати позитивни пораки преку социјалните мрежи.
View this post on Instagram
A legenda está ao lado ??❤️ Sonhar, nunca desistir !!! Te amo cara, você é fantástico @neymarjr