Мајката на Крстијано Роналдо, Долорес, за португалскиот весник „Рекорд“, ги негира тврдењата дека сакала нејзиниот син да се врати во Манчестер јунајтед.
Долорес, потенцирала, дека е задоволна од одлуката што ја донел нејзиниот син, односно што се решил за трансфер во Јувентус.
„Лага е дека сакав да се врати во Манчестер јунајтед, не го сакав тоа, нема вистина во тоа. Многу сум задоволна од неговиот избор, ова е среќен ден за сите нас. Мојот син ќе го направи Јувентус уште поголем. Ова е нова поглавје во неговиот живот. Уживаше во Реал Мадрид, но му беше потребен нов предизвик“, рекла Долорес.
Кристијано Роналдо го напушти Реал по девет години и од вчера официјално стана нов играч на Јувентус.