Top Sport

Кејхил се збогуваше со Австралија

Тим Кејхил (39), во вторникот, објави дека повеќе нема да настапува за фудбалската репрезентација на Австралија. Кејхил со „кенгурите“ учествуваше на четири Светски првенства (2006, 2010, 2014, 2018). На Светското првенство во Русија, тој одигра 40 минути на мечот со Перу.

foto: epa

Најдобриот стрелец во историјата на Австралија, дресот со националниот грб го носеше во изминатите 14 години.

„Денес официјално соопштувам дека ја завршив интернационалната кариера. Немам зборови да опишам какво чувство имав кога ја претставував својата земја. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваа низ сите тие години“, напишал Кејхил на „Твитер“.

Кејхил за Австралија одиграл 107 натпревари и постигнал 50 гола.

Scroll to Top