Според Мајкл Овен, Ливерпул уште имаат добра шанса да ги победат Манчестер сити за да ја освојат толку долго чеканата титула од Премиер лигата.
По 11 меча оваа сезона, Сити имаат 11 поени повеќе од Ливерпул, а кога се сретнаа на „Етихад“, по црвениот картон на Садио Мане, тимот на Пеп Гвардиола победи со 5:0.
„Уште е рано во сезоната, така што е тешко да се отфрлат сите можни верзии. Во моментов разликата меѓу Манчестер сити и другите е многу голема, тие играат брилијантен фудбал, но не заборавајте што се случи лани. И тогаш направија голема разлика и титулата им беше ‘гарантирана’, но накрајот тоа не се случи. Има многу фудбал за играње. Ливерпул ќе бидат ОК, со пласман во сите купови и со релативно мала разлика“, вели Овен.
37-годишниот Англичанец не е најомилен кај навивачите на Ливерпул, откако во кариерата играше и во Манчестер јунајтед, а неодамна изјави дека единствена причина што заврши на „Олд Трафорд“ беше неуспехот на „Ѓаволите“ да потпишат со Карим Бензема од Лион во 2009 година. Овен, сепак, е „амбасадор“ на Ливерпул, и фановите на „Црвените“ би сакале тој помалку да го споменува Јунајтед во своите интервјуа.