Top Sport

Мајнц со импресивна победа над Аугзбург

Мајнц ја прекина лошата низа од четири меча без победа, откако дома со 4:1 го декласираа тимот на Аугзбург за да се искачат на шестото место на табелата по 9 меча, оставајќи ги гостите во зоната за испаѓање.

Исходот на мечот беше одлучен во атомски 16 минути во првото полувреме, кога Онисиво (10.), Бел (15.) и Буркарт (26.) го бомбардираа голот на гостите. Аугзбург врати еден гол во 69. минута преку Зеќири, пред Буркарт во 71. минута да ги постави конечните 4:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top