Top Sport

Шампион! Фјури му го честиташе роденденот на другарот Вајлдер

ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури очигледно ги разрешил сите несогласувања со својот стар ривал Дионтеј Вајлдер, посакувајќи му среќен 36. роденден на човекот кого двапати го нокаутираше во три меча за да ја му го освои шампионскиот појас.

„Еј, ова е Тајсон Фјури, или Џипси кинг. Ова е посебна роденденска порака до мојот стар другар Дионтеј ‘Бронзениот Бомбардер’ Вајлдер. Имај фантастичен ден и ти благодарам за големите мечеви кои ги имавме. Ти си одличен фајтер и се надевам дека ќе поминеш добар ден со своето семејство. Се надевам дека Господ ќе те благослови. Многу љубов од твојот стар пријател, Џипси кинг“, вели Фјури во пораката.

По спектакуларниот меч и нокаутот во 11. рунда на мечот во Лас Вегас на 9 октомври, Вајлдер прво одбиваше да го признае резултатот, велејќи дека не го почитува противникот, но неколку дена подоцна преку социјалните мрежи прати порака на помирување со Фјури.

„Каква пеколна ноќ. Сакам да му се заблагодарам на Господ што ми даде шанса да направам уште нешто и на моите фанови и мојот тим кои беа цело време зад мене. Ќе лажам ако кажам дека не сум разочарано, но по размислување, сфаќам дека Господ сакаше да се случи ова искуство. Се надевам дека покажав дека сум вистински воин и крал во овој спорт. На крајот би сакал да му честитам на Џипски кинг за неговата победа и да му заблагодарам за сеќавањата кои ќе бидат со нас вечно“, напиша Вајлдер.

На ова Фјури тогаш одговори: „Најголемата трилогија на сите времиња“.

Scroll to Top