Мајнц успеа да стигне до фантастична 3:2 победа над фаворизираниот Баер Леверкузен, кој сепак останува на третото место на табелата во Бундеслигата со големи шанси за пласман во Лигата на шампионите.
Чешкиот голгетер Патрик Шик стана само вториот играч во топ 5 лигите со над 20 гола оваа сезона (покрај Роберт Левандовски од Баерн Минхен), кога во 35. минута ги донесе „фармацевтите“ во водство. Меѓутоа, Мајнц израмнија преку шпанскиот дефанзивец Арон Мартин во 57. минута, за само три минути подоцна да им биде поништен гол преку Онисиво поради офсајд. Водството за гостите го врати Аргентинецот Лукас Аларио во 74. минута од мечот, но Холанѓанецот Жан-Пол Бетиус само што влезе во игра во 84. минута израмни, пред Данецот Маркус Ингвартсен во 88. минута да го комплетира пресвртот.
Леверкузен остануваат трети во Бундеслигата со 41 поени, пет зад Борусија Дортмунд, но големи седум пред четвртопласираните РБ Лајпциг. Мајнц сега се на 7. место на табелата со 34 поени со третата победа во последните пет натпревари.
LE MIRACLE INGVARTSEN POUR OFFRIR LA VICTOIRE A MAINZ ??? #M05B04 pic.twitter.com/sLV22u4TPK
— Le Football en VOD LX (@football_lxx) February 18, 2022