Рома со 1:0 го совлада тимот на Болоња, прекинувајќи ја низата од три меча без победа во Серија А и заддржувајќи ги шансите за европски фудбал следната сезона.
Иако во тимот на Пауло Фонсека имаше голем број на повредени фудбалери, и тие кои паузираа по победата над Ајакс во мечот од Лига Европа, Борха Мајорал во 44. минута го постигна единствениот гол на мечот против тимот на Синиша Михајловиќ.
Рома сега е на седмото место на табелата со 54 поени, пет од топ 4 пласман, додека Болоња се на 11. место со 34 поени.