Top Sport

Мајорал заминува од Реал – Ќе игра во ЛШ

Членот на Реал Мадрид, Борха Мајорал, се наоѓа пред трансфер во Лацио. „Бјанкочелестите“ по 13 години се вратија во Лигата на шампионите и во преодниот рок ќе бидат активни на пазарот за да ја засилат конкуренцијата во тимот.

Мајорал е играч на Реал,започна во 2007 година во младинската школа, а за првиот тим дебитирал во 2015 година. Во првата сезона одиграл 20 натпревари постигнал три гола, а наредната сезона бил позајмен во Волфсбург. Последните две сезони тој ги мина на позајмица во Леванте.

Реал очекува од продажбата на Мајорал да заработи 15 милиони евра и во договорот да биде вметната клаузула според која Реал за одредена сума би можел да го врати фудбалерот во своите редови.

Според шпанските медиуми следен кој ќе замине од Реал е Лука Јовиќ.

Scroll to Top