Top Sport

Мајорка бега од опасната зона (Видео)

Фудбалерите на Мајорка забележаа победа во првиот саботен натпревар од саботната програма во рамките на 24 коло во Ла Лига. Мајорка која се бори за опстанок во лигата славеше над Алавес со 1:0 (0:0). Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски повторно не беше во протоколот кај Мајорка.

Мајорка имаше императив на победа и успеа во таа намера. Можеа домаќините да слават и поубедливо меѓутоа во првиот дел Салва Севилја не успеа да реализира удар од белата точка. Неговиот удар го одбрани голманот Шашеко.

Во вториот дел Даниел Родригез постигна гол во 54 минута кој судијата Валентин Пизаро го поништи на сугестија на ВАР.

Конечно во 63 минута Кучо Ернандез најдобро се снајде пред голот на Алавес и од два метри ја уфрли топката во голот.

Во финишот Алавес постигнаа гол кој беше поништен поради офсајд.

Мајорка ја прекина серијата од три порази и со овие три поени барем за момент избега од опасната зона.

Scroll to Top