Top Sport

Робинсон победи во Крањска Гора, Хорват трета на домашен терен

Алис Робинсон од Нов Зеланд победи на трката во велеслалом која се возеше во Крањска Гора, во Словенија. 18 годишната Робинсон ја забележа втората победа во кариерата и се искачи на петтото место во вкупниот поредок во оваа дисциплина во Светскиот куп.

Робинсон која сезонава има настапи на само осум трки успеа да ја надополни 24 стотинки од предноста што по првата трка ја имаше Петра Влхова. Тинејџерката од Нов Зелнад на крајот победи со вкупно време 1:54.32 минути.

Влхова го освои второто место со 34 стотинки послабо време од она што го постигна Робинсон.

Третото место им припадна на домашната миленичка Мета Хорват и Венди Холденер од Швајцарија.

Во Светскиот куп води Михаела Шифрин со 1.255 поени, втора е Федерика Броњоне со 1.112, а трета Влхова со 971 поен. Во велеслалом прва е Брињоне со 407 поени.

В недела во Крањска Гора на програмата е слалом во женска конкуренција.

Scroll to Top