Вечер во кој домаќините не успеаја да стигнат до триумф во шпанската Ла Лига. На двата меча кои предмалку завршија бодови земаа гостинските тими, еден за Елче и три за Реал Сосиедад.
На Мајорка, Елче беше во предност против домаќинот со 2-1 се до 95 минута кога Мафео погоди за конечни 2-2.
Боје во 68 минута донесе предност за гостите.
Домашните израмнија по само 4 минути играч, а Боје со својот втор денешен гол во 75 минута донесе нова предност за својот тим. Сепак домашните успеаја да стигнат до бод пред последниот судиски свиреж.
Во Памплона, тимот Осасуна беше немоќен против екипата на Реал Сосиедад, пораз од 2-0.
Мерино во 72 минута погоди за 0-1, а конечниот резултат го постави Јанузај од пенал во 82 минута.
Сосиедад со денешните 3 поени собра 28 и е лидер на табелата во Ла Лига, со бод повеќе и средба повеќе од Реал Мадрид.