Top Sport

Мајстор – Суарез погоди во 90.минута

Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез продолжува да блеска во дресот на бразилски Гремио.

Во натпреварот од второто коло, во шампионатот Гаучо, тој постигна гол за победа во 90.минута, во дуелот со Бразил де Пелотас.

По првите 45 минути немаше голови, а патот до победата му беше „отворен“ на Гремио во 48. минута кога гостинскиот играч Роне доби директен црвен картон.

Гремио напаѓаше, беше подобриот тим, но не успеваше да го скрши отпорот на гостите и да постигне гол. Во 90.минута Суарез потсети на своите најдобри денови и успеа да го совлада противничкиот голман.

Суарез беше стрелец и на последниот натпревар на Гремио, во победата од 2:1 против Касиљас, а претходно постигна хет-трик на своето официјално деби за овој клуб.

 

Scroll to Top