Македонската фудбалска репрезентација повторно во драматичен финиш успеа да стигне до реми, овојпат 1:1 против Грузија на „Тодор Проески“ во „генералката“ пред најважниот меч во историјата на „рисовите“, баражот за квалификување на Европското првенство во 2021, токму против Грузија на 12 ноември.
Грузија нема да биде противник за потценување на мечот во Тбилиси следниот месец, каде што мораме да се покажеме во многу подобро светло ако сака да се запише во фудбалската историја.
По лошото прво полувреме за двата тима, мечот се „сврте“ во 68. минута од мечот, кога нашиот голман Столе Димитриевски доби црвен картон за игра со рака надвор од шестнаесетникот. Само седум минути подоцна користејќи ја предноста во играчи, 19-годишниот фудбалер на Рубин Казан, замената Хвича Кваратскелија постигна прекрасен гол за водство на гостите. Меѓутоа, упорноста се исплатеше, откако во 90-тата минута добивме пенал по фаулот на Зајков, а Џани Алиоски беше смирен од белата точка за 1:1.
Со ремито, исто така, остануваме во игра за пласман во Лига Б следната сезона, бидејќи имаме ист број на поени со Грузијците (6) на врвот на табелата, а Ерменците „кикснаа“ со 1:1 реми кај Естонија.
ЛИГА НА НАЦИИ, ЛИГА Ц, ГРУПА 2
МАКЕДОНИЈА – Грузија 1:1
Естонија – Ерменија 1:1
Табела: 1.Македонија 6, 2.Грузија 6, 3.Ерменија 5, 4.Естонија 2
Фото: ФФМ
Que golazo acaba de anotar Kvaratskhelia para Georgia ?? pic.twitter.com/2UGbcDAg8Q
— Zierzoshvili (ზიერზოშვილი) (@dani_zierzo) October 14, 2020
Алиоски го израдува Мрме. pic.twitter.com/u5seJdxosX
— Поштенско сандаче (@NikolaManUtd) October 14, 2020