Хрватска успеа да израмни на 1:1 во 55. минута од второто полувреме на осминафиналето од Светското првенство во Катар, откако Иван Перишиќ постигна фантастичен гол со глава за свој 9. гол на СП израмнувајќи се со Давор Шукер.
Ова исто така е 33. гол во хрватскиот дрес за фудбалерот на Тотенхем, со што се израмни со Марио Манџукиќ на второто место на вечната листа на „коцкестите“.
JAPAN 🇯🇵 1-1 🇭🇷 CROATIA
⚽ 55' Ivan Perisić 🇭🇷#FIFAWorldCuppic.twitter.com/Y375ekYUsd— All goals replay (@goalsreplayg) December 5, 2022