Top Sport

Мајсторијата на Азар недоволна за „милионерите“, само со поен кај Аугзбург

Борусија Дортмунд одигра разочарувачки 1:1 на гостувањето кај Аугзбург, за да остане на осум поени зад лидерот во Бундеслигата, Баерн Минхен.

Торген Азар со фантастичен пробив во шестнаесетникот на домаќините ги донесе Борусија до водство во 35. минута од мечот, меѓутоа Аугзбург успеа да израмни по една мешаница во шестнаесетникот на Дортмунд во 78. минута од мечот преку Ноа-Џоел Саренрен-Бази. Со ова продолжува лошиот скор на Дортмунд на гостувањата кај Аугзбург, каде што загубија двапати во последните три меѓусебни меча.

Резултатот ги остава Дортмунд на второто место на табелата со 50 поени, осум зад Баерн и шест пред третопласираните Баер Леверкузен, додека Аугзбург излегуваат од зоната за испаѓање со 23 поени, колку што има и 16-пласираната Херта Берлин.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top