Top Sport

Мајсторијата на Ибраими ја „крена“ Шкендија, сега на ред е Тотенхем

Шкендија успеа да го мине второто квалификациско коло во Лига Европа, откако маестралниот гол на Бесарт Ибраими беше доволен да се стигне до 1:0 победа на гости кај романскиот Ботошани за во третото коло да го пречекаат големиот Тотенхем на Жозе Мурињо.

Поранешниот македонски репрезентативец и на 33 години покажа дека не го загубил осетот за гол, откако од тешка позиција успеа да го совлада домашниот голман уште во втората минута од мечот. Сепак, во 76. минута Шкендија остана со играч помалку по црвениот картон на Арменд Алими за тензија во последните минути.

Шкендија сега го пречекува Тотенхем, кој се спаси од незгодна ситуација во Бугарија, победувајќи го Локомотив Пловдив со 2:1.

ЛИГА ЕВРОПА, 2.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Каизар (Каз) – АПОЕЛ (Кип) 1:4

Вентспилс (Лет) – Розенборг (Нор) 1:5

Ренова (Мкд) – Хајдук Сплит (Хрв) 0:1

АраратАрменија (Ерм) – Фола Еш (Лук) 3:3, 4:3 по продолженија

Астана (Каз) – Будуќност (ЦГо) 0:1

Теута (Алб) – Гранада (Шпа) 0:4

Линколн (Гиб) – Глазгов Ренџерс (Шко) 0:5

Ботошани (Ром) – Шкендија (Мкд) 0:1

Тотенхем едвај мина против девет играчи во Пловдив, доаѓа во Македонија

Scroll to Top