Top Sport

Македа, сепак, не пристигнува во Црвена звезда

И покрај постојаните шпекулации, Црвена звезда нема да се договори со поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Федерико Македа, потврди српскиот шампион.

28-годишниот Италијанец Македа, кој минатата сезона играше во грчкиот Панатинаикос, требаше да биде засилување за Звезда пред обидот повторно да се квалификуваат во групната фаза на Лигата на шампионите, но од клубот тврдат дека имаат доволно напаѓачи.

„Нема потреба да донесеме седми шпиц во клубот и не треба да се оптоварува буџетот на клубот. Исто така постои лимит на четири странски фудбалери, а ние во моментов имаме шест (Саного, Канга, Бен, Боачи, Томане и Гарсија), така што нема да ги повторуваме грешките од минатото“, велат од Звезда.

Црвена звезда ги почнува квалификациите за ЛШ против клубот Европа од Гибралтар на 18 август.

Scroll to Top