Top Sport

Македонските клубови ги дознаа можните противници во европските купови

Фото/ ffm.mk

Шкендија, Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа можните противници за првото квалификациско коло. Шкендија ќе стартува во Лигата на шампионите, ждрепката е во 14 часот во Нион, а останатите три екипи ќе се натпреваруваат во Конференциската лига. Ждрепката ќе се одржи од 16 часот во Нион.

Шкендија нема да биде носител, се наоѓа во групата 1, а моѓе да игра против: Малме (Шведска), Жалгирис (Литванија), РФС (Летонија), Купс (Финска) или ТНС (Велс).

Кога ќе се погледнат можните противници, впечаток е дека Вардар најдобро помина, а дека пред тешка задача ќе имаат Силекс и Работнички.

Во групата 2 можно противници на Силекс се Петрокуб (Молдавија), Ордабаси (Казахстан), Дечиќ (Црна Гора) и Урарту (Ерменија).

Вардар, кој по седум години се враќа во европските купови, во групата 3 за противник може да добие еден од овие тимови: Дуделанж (Луксенбург), Копер (Словенија), Сутјеска (Црна Гора), Ла Фиорита (Сан Марино).Работнички ги чека противниците во групата 6, можни ривали се Дила Гори (Грузија), Пјуник (Ерменија), Торпедо (Белорусија) и Борац Бања Лука.

Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17.јули.

Scroll to Top