Top Sport

Македонија била 13.најбрза селекција на ЕУРО 2020

Истражувањето на „GamblingDeals“, покажува дека Македонија, била 13.најбрза репрезентација на Европското првенство во фудбал. Анализирајќи ја постигнатата брзина, на секој фудбалер, лидери во оваа категорија се репрезентативците на Австрија и Белгија.

Македонија со Австрија се сретна во првото коло, загуби со 1:3, потоа Македонија забележа порази од Украина (1:2) и Холандија (0:3).

Холанѓаните биле 12.најбрза репрезентација, а Украинците се претпоследни, зад нив е само селекцијата на Велс.

Фото/ffm.mk

Scroll to Top