Фудбалсата репрезентација на Македонија, која пред недели избори пласман на ЕУРО 2021, ја задржа 65 позиција на ранг-листата на ФИФА. Ова е претпоследната листа која ФИФА ја објави оваа година.
Македонија, во ноември, славеше две победи, над Грузија (1:0) и Естонија (2:1), и забележа пораз од Ерменија (0:1).
На врвот на оваа листа првите шест репрезентации Белгија, Франција, Бразил, Англија, Португалија и Шпанија ги задржаа своите позиции, Аргентина го „скокна“ Уругвај, деветти е Мексико, а десетта Италија.
Мексиканците напредуваа две места, додека од Топ 10 испадна Хрватска.
Хрватите се најдобро пласирани од репрезентациите кои произлегоа од поранешна Југославија. Србија е на 30, Босна и Херцеговина на 55, а 62 и 63 се Словенија, односно Црна Гора, додека Косово е на 117 место.
Foto/bbc.co.uk