Фудбалска Македонија е во екстаза по победата над Италија, во Палермо. Голот на Александар Трајковски во 92.минута, ја донесе Македонија на чекор до Катар. Во вторник, во финалето, македонските фудбалери ќе гостуваат во Португалија.
Победата во Палермо е второто чудо кое го приредија македонските репрезентативци, во овие квалификации. Пред една година, Македонија среде Германија, го победи фаворизираниот домаќин со 2:1.
Специјализираниот портал за фудбалска статистика, „Gracenote“, пресметал дека Македонија приредила две од трите најголеми сензации во историјата на европските квалификации за пласман на светските првенства.
Според методологијата „World Football Ranking“, најголемата сензација ја приредил Луксембруг во 2008 година со победата во Швајцарија. Тогаш, шансите за победа на гостите биле 2,8 отсто.
На второто и третото место се успесите на Македонија. За победа над Германија шансите биле 7,1 отсто, а веројатноста дека Македонија ќе ја совлада Италија биле 7,4 отсто.
? – North Macedonia have pulled off 2 of the 3 biggest shocks in European World Cup qualifying according to our World Football Ranking methodology.
2008 Switzerland?? 1-2 ??Luxembourg 2.8% win chance
2021 GERMANY?? 1-2 ??N MACEDONIA 7.1%
2022 ITALY?? 0-1 ??N MACEDONIA 7.4%— Gracenote Live (@GracenoteLive) March 25, 2022