По вчерашните информации дека има позитивни на вирусот Ковид-19 во редовите на фудбалските клубови Ренова и Шкендија во ФК Македонија ЃП решиле да прекинат со тренинзите.
Вчера беше потврдено дека на тестирањата на вирусот Ковид-19 позитивни биле четворица членови на ФК Ренова и двајца на ФК Шкендија
„Ние како одговорен клуб за здравјето на нашите фудбалери и сите вработени во клубот ги прекинуваме сите активности од денеска, и чекаме нови насоки од владата на РСM и ФФМ. Македонија ЃП од секогаш била за решение на фудбалот на зелените терени, но со глава во ѕид не се оди, се срамиме од вестите на некои медиуми и ги демантираме сите вести дека имаме закажано пријателски натпревар со ФК Вардар!“, стои во соопштението објавено на „Фејсбук“ страницата на клубот.
фото/facebook.com/ФК-Македонија-Ѓорче-Петров