Фудбалската репрезентација на Македонија годината ќе ја заврши на 68. место на ФИФА листата. Прва светска сила е репрезентацијата на Белгија, пред Франција, Бразил, Хрватска и Англија.
Македонија и покрај победите над Лихтенштајн и Гибралтар, со кои обезбеди пласман во Ц-дивизијата во Лигата на Нации и мест во плеј-офот за пласман ан ЕУРО 2020, ја задржа позицијата што ја имаше на претходното рангирање.
Во однос на почетокот на годината Македонија напредуваше за осум позиција. Игор Агеловски со неговите избраници 2018 ја започнаа како 76. репрезентација во светот.
Од репрезентациите од поранешна Југославија најдобар пласман има Хрватска (4), а потоа следуваат Србија (29), Босна и Херцеговина (34), Црна Гора (44), Словенија (62) и Косово (131).
фото: ffm.mk