Top Sport

Македонија гостува на „Олд Трафорд“, националниот тим нема пораз на англиска почва

Фудбалската репрезентација на Македонија, во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024, вечерва гостува на „Олд Трафорд“, во Манчестер. Англија е лидер во Ц-групата, со три победи во исто толку натпревари, Македонија има победа и пораз.

Вечерашниот дуел ќе биде петти на овие две селекции и втор што ќе се одигра на култниот стадион во Манчестер.

Англија има две победи, два натпревари завршиле без победник. Звучни неверојатно, но Англија нема победа против Македонија на домашен терен. „Гордиот Албион“ два пати победил во Скопје, во 2003 (1:2) и во 2006 (0:1).

На англиска почва, Македонија два пати одиграла нерешено, во 2002 година во Саутемптон (2:2) и во 2006 година во Манчестер 0:0.

Македонија во дуелот со Англија влегува по шокантниот пораз од Украина. Во четвртокот, Македонија водеше со 2:0, на крајот Украинците славеа со 2:3. Во исто време Англија лесно се справи со аутсајдерот Малта (4:0).

Натпреварот на „Олд Трафорд“ ќе започне во 20.45 часот.

 

Scroll to Top