Македонскиот прволигаш Македонија ЃП го продолжи договорот со капитенот Филип Мишевски за уште една сезона. Клубот од Ѓорче Петров официјално објави дека е продолжена соработката со дефанзивецот.
Мишевски одигра 33 натпревари и постигна седум голови за Македонија ЃП во сезоната што измина.
Претходно, договорот со „лавовите“ го продолжи и Филип Алексовски.