Top Sport

Македонија и без Валон Етеми на мечевите против Грузија и против Бугарија?

Фудбалската репрезентација на Македонија најверојатно ќе остане без уште еден офанзивец кој беше на списокот на селекторот Благоја Милевски за претстојните натпревари од Лигата на нации против Грузија и против Бугарија.

Покрај Дарко Чурлинов, кој ќе отсуствува два месеци, на повреда се пожали и Валон Етеми. Тој поради повреда не играше за Истанбулспор во ремито 2:2 против Бешикташ.

„После магнетната резонанца при прегледот на Етеми е констатирано истегнување на горниот преден десен мускул на ногата. Се надеваме дека брзо ќе закрепне и ќе се врати на теренот“, објавија од Истанбулспор.

Scroll to Top