Top Sport

Македонија и Ерменија закажаа пријателски меч во Струмица на 17.октомври

Фудбалската федерација на Македонија и Фудбалската асоцијација на Ерменија го потврдија пријателскиот натпревар меѓу А репрезентациите. Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17. октомври на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, со почеток во 15 часот.

Последниот меч против Ерменија го одигравме на 11. ноември 2021 година во квалификаците за СП 2022. Во Ереван, репрезентацијата на Благоја Милевски славеше со убедливи 5:0.

Македонија и Ерменија досега имаат одиграно вкупно 12 натпревари. Нашата селекција има пет победи, на три меча немаше победник, Ерменија славеше трипати. Последен пат, противникот се радуваше на триумф во Никозија во меч за првото место во групата од Лигата на нации.

 

Scroll to Top